ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Потпишaн Меморандум за соработка меѓу МВР и Националниот сојуз на глуви и наглуви

September 18, 2023 12:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МВР

Фото: МВР

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви Томица Стојановски денеска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија.

Истакнувајќи дека една од основните тенденции во секојдневното функционирање на Министерството за внатрешни работи претставува интензивното отворање на институцијата кон активна соработка со граѓанскиот сектор, во смисла на подинамична трансформација на полицијата во вистински сервис на граѓаните, министерот Спасовски истакна дека денешното потпишување на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија, претставува потврда на целосната подготвеност на министерството, на сите негови организациони сегменти за отвореност, достапност, солидарност, кооперативност и секако – стручна и професионална помош и ангажираност заедно со граѓаните.

-Практично овој Меморандум за соработка, ги дефинира целите од заеднички интерес – почитување на глувите и наглувите лица, потоа поттикнување на развојот на заштита и грижа за глувите и наглувите лица, учество во спречување и отстранување на бариерите, во физичката и социјалната средина, учество во подобрување на условите и квалитетот на секојдневниот живот на глувите и наглувите лица, подигнување на свеста и учество во промените во полза на глувите и наглувите лица и воспоставување на взаемна деловна соработка, истакна министерот.

Тој појасни за конкретниот придонес во подобрувањето на квалитетот на живот на лицата со посебни потреби.

-Утринава за таа цел на три локации во Скопје согласно пилот –  проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“, Сојузот  обезбеди три таблети, марка „Apple“ за потребите на проектот кои во присуство на овластени лица од МВР беа инсталирани во Полициска станица од општа надлежност – Центар , во Одделение за безбедност на патниот сообраќај во Сектор за внатрешни работи – Скопје  и во Одделение за управни работи – Скопје, во просторија со видно означување со симболот на глувите и наглувите, со цел овозможување за достапност и полесно користење на истите од страна на глувите и наглувите лица, рече Спасовски.

Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви, Стојановски, изрази благодарност бидејќи е слушната нивната потреба за остварување на побрза и поразбирлива меѓусебна комуникација со помош на новиот Дигитален толкувачки сервис на знаковен јазик кој беше промовиран на крајот на месец мај.

Мора да нагласам дека со големо задоволство, овој месец ја прославуваме нашата 75 годишнина од постоењето на Сојузот. 75 години постоење, 75 години борба за подобри услови, поедноставно живеење… на кое што конечно се најде решение. Исто така оваа недела како и следната го одбележуваме Меѓународниот ден на Знаковниот јазик којшто секако знаете дека тој е нашиот мајчин јазик. Во чест на јазикот на знаците, со Ваша огромна поддршка и помош го стартуваме овој „дигитален подвижен толкувач на знаковен јазик“ со назив „ДИГИТАЛЕН ТОЛКУВАЧКИ СЕРВИС“, истакна Стојановски, додавајќи дека потпишувањето на овој Меморандум дава нова можност во начинот на комуникација со државните институции.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МВРмеморандумСојуз на глуви

НАЈНОВО

Јане Ѓорѓиоски.

Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

July 11, 2025

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Петар Арсовски

    Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk