Шпанскиот тенисер, 22-кратниот грен слем шампион Рафаел Надал одговори на прашањето дали би сакал да стане претседател на Реал Мадрид.
– Немам таков сон, но би сакал. Нема смисла да се зборува за ова сега, бидејќи го имаме најдобриот претседател [Флорентино Перез] од сите можни. Животот зема многу кривини и треба да се запрашате дали сте доволно квалификувани да направите одредена работа, изјави Надал за „Marca“.
Претходно 37-годишниот тенисер зборуваше за своето здравје и плановите за камбек. Играчот имаше повреда на мускул на левата нога.
Функцијата претседател на Реал Мадрид од 2000 до 2006 година, а од 2009 до денес ја зазема Флорентино Перез.