„Не ме чуди изјавата на Мицкоски бидејќи го потврдува сето она што го говеревме минатиот период, дека има несогласување во ВМРО-ДПМНЕ и се што прави Мицкоски е да ја заштити неговата фотелја во Белиот дворец“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Топ Тема“ на Телма одговарајќи на прашање за изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека СДСМ се обидува преку Груевски да предизвика поделби во опозициската партија.
Каевски додаде дека ова не е прва таква изјава и дека секогаш кога се случуваат поделби и несогласувања во ВМРО-ДПМНЕ, тие се обидуваат да го обвинат СДСМ за тоа.
„Ние јавно кажувавме дека постојат структури во ВМРО-ДПМНЕ кои велат дека оваа изолација што ја протажира ВМРО-ДПМНЕ не е добра за државата и дека уставните измени мора да се случат. Во ДПМНЕ стана пракса да има поделби, а најчест изговор им е дека СДСМ се криви“ рече Каевски.
Пратеникот додаде дека чесно е да си разговараат во партиските органи и структури, а не да го мешаат СДСМ во нивните внатрепартиски несогласувања.
„Факт е дека постојат несогласувања и токму со оваа изјава на Мицкоски се потврди дека постојат несогласувања во ВМРО-ДПМНЕ за разни теми и прашања“ рече Каевски.