„Во моментот имаме отворена понуда, поддршка и можност заедно со другите земји од Западен Балкан за кратко време да станеме членка на Европската Унија. Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Левица во моментот единствено и одговара на Софија, односно на силите на Софија коишто сакаат Македонија да не биде членка на ЕУ“ истакна пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во „24 анализа“ на ТВ24.
Во однос на прашањето дали СДСМ ќе престане да ги навредува политичарите од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот од редовите на СДСМ Ненад Коциќ на дебатната емисија „24 Анализа“ на ТВ 24 изјави дека многу се воздржуваат од навредите кои доаѓаат од колегите од ВМРО-ДПМНЕ, посебно во Собрание. Тој не се согласува дека е тоа е добро, особено ако се земе предвид нивното однесување кое можеше да се види лани.
Тој додека дека кога сте нападнати, природен инстинкт е да се браните и да го нападнете тој што ве напаѓа.
Пратеникот Коциќ заклучи дека отсекогаш имал доблест оној кого директно или индиректно го навредил на говорницата, да се извини.