ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Проекција на македонскиот игран филм „Мементо“ во Шибеник

September 20, 2023 10:49
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Принтскрин од веб-страницата на Кинотека

Фото: Принтскрин од веб-страницата на Кинотека

Share on FacebookShare on Twitter

Во мултимедијалната сала на Градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник вечер ќе се одржи проекција на македонскиот игран филм „Мементо“ (1967). Главните улоги ги толкуваат Рената Фрајскорн и Стево Жигон, а режијата е на Димитрие Османли.

Овој проект е во организација на здружението Хрватско-македонска тангента. На гостите, како што е најавено, ќе им се обратат претседателот на Хрватско-македонската тангента Сашо Георгиевски и политичарот Тито Петковски.

На 11 септември, „Мементо“  беше официјално прикажан во престижниот МоМА, Музејот на современа уметност во Њујорк, во програма посветена на југословенските авторски филмови од 1960-тите. Пред тоа „Мементо“ ја имаше својата „втора премиера“, односно премиерната проекција на дигитализирана копија од филмот како дел од програмата на третото издание на „Сезона на филмски класици“ – проект на Европската асоцијација на кинотеки (ACE – Association des Cinémathèques Européennes), финансирана од програмата МЕДИА на Европската комисија, заедно со серија проекции во европските филмски центри.

Набргу по онаа во Шибеник, проекцијата ќе се одржи во шпанската кинотека во Мадрид. Неодамна филмот беше прикажан и во Културно-информативниот центар на градот Загреб.

На страницата МоМА за „Мементо“ на Османли пишува дека „…филмот е за совеста и се карактеризира со една од најдобрите монтажи досега изведени на целулоидна филмска лента“, како и дека силно потсетува на делата на францускиот филмски мајстор Ален Ресне.

„Земењето на земјотресот како почетна точка за критички размислувања за прашања како што се холокаустот, нуклеарните катастрофи и Виетнамската војна – Мементо е калеидоскоп на 20 век, како и лична потрага по мир во овој турбулентен свет“.

Во трауматскиот дискурс, филмот добива актуелност со новите трагични искуства како што се катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија и последната катастрофа што го погоди Мароко, но и во секој елемент на масовно човечко страдање…

„Мементо“ е вториот игран филм на Османли (1927, Битола – 2006, Скопје), еден од пионерите на македонската кинематографија.

Tags: МементоПроекцијаШибеник
Next Post

Бегај - Борел за односите меѓу Косово и Србија: Дијалогот, единствениот начин за надминување на тензиите

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk