„Мирот е најпотребен на децата, бидејќи на нив почива светскиот мир, ред и иднина“, вели Дијана Тахири од ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на мирот.
„Неверојатни 315.000 тешки прекршувања на децата во конфликт беа потврдени од Обединетите нации помеѓу 2005 и 2022 година. Повеќе од 150.000 деца убиени или трајни телесни повреди како последица на војните. Најмалку 110.000 деца се регрутирани или користени од вооружените сили или вооружените групи. Киднапирани се повеќе од 35.000 деца. Повеќе од 15.000 деца биле подложени на сексуално насилство. ОН, исто така, верификуваше повеќе од 20.000 напади врз училишта и болници и повеќе од 25.000 случаи на одбивање на хуманитарен пристап за децата. Бидејќи ова се само случаите што се потврдени, вистинската бројка веројатно е далеку поголема“, изјави Тахири.
Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети / Цивил Медиа