Мирот не се посакува, мирот е нешто што се создава. Не можеме да зборуваме за мир во општества во кои се однесуваме како колективни окупатори, вели Соња Танеска од Градска. Мк, за ЦИВИЛ Медиа, по повод Меѓународниот ден на мирот.
Колективни окупатори на природата, на историјата, на јазиците, на земјата… Токму затоа, првично треба да имаме мир со себе, а потоа, како луѓе, да сфатиме дека ние сме дел од еден свет кој им припаѓа на сите, и на тој начин поинаку ќе ги погледнеме нештата и ќе придонесеме во глобалниот мир кој во моментот е загрозен од неколку војни кои се водат на неколку територии, и за неколку територии.
Камера и монтажа: Ариан Мехмети / Цивил Медиа