Специјална единица на косовската полиција ја презела вечерва контролата врз православниот манастир во селото Бањска во северно Косово, каде што се засолни групата која рано утрово ја нападна косовската полиција, убивајќи еден и ранувајќи уште еден полицаец.
Повеќе приштински медиуми, повикувајќи се на сигурни извори во полицијата, јавија дека на страната на напаѓачите досега има најмалку тројца убиени и четворица уапсени.
Според официјална Приштина, вооружената криминална група, составена од над 30 лица, била позиционирана во Бањскиот манастир во Звечан и користела и други приватни објекти од каде што ја напаѓала косовската полиција.
КФОР излезе со одговор дека се во околината на Бањска и дека се подготвени да одговорат доколку се јави потреба, нагласувајќи дека косовската полиција е првата институција која е одговорна за случајот.
Извор: МИА