Специјалните полициски единици на Косово веќе ја завршија акцијата во Бањскиот манастир, при што се уапсени десетици терористички напаѓачи, кои во моментов се задржани во полициската станица. Полицијата сѐ уште е на местото на настанот. Во меѓувреме се отвори и патот кој води до манастирот.
Министерот за внатрешни работи на Косово – Џељаљ Свечла соопшти дека се убиени 3 српски криминалци, 6 се уапсени, а 2 од нив се повредени.
Во меѓувреме, Свечла рече дека 30-те Срби заробени во манастирот се ослободени.
„Изразувам искрено и најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите на Африм и граѓаните на Косово. Одговорот на косовската полиција беше непосреден и професионален, за кратко време ја ставија под контрола целата територија. Во овој случај имаме 6 уапсени, 2 од нив повредени. Како и најмалку 3 напаѓачи убиени. Косовската полиција откри извонредно количество тешко оружје, експлозиви, униформи, логистика, храна, опрема за барикади. Можеме да кажеме дека тие биле опрема за неколку стотици други акции. Подготовките беа масовно да се нападнат косовската полиција, институциите на Косово и да се наруши суверенитетот на земјата. Не успеаја благодарение на пожртвуваноста и професионалноста на полицијата на Косово. Тие денеска го почестија не само споменот на Африм Буњаку туку и цело Косово. Ова е терористичка група“, рече Свечла.
Д. Јонузи