ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Десничарскиот екстремизам рапидно расте во Германија

September 25, 2023 21:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Истражувањата покажуваат дека тврдокорните политички верувања се шират надвор од традиционално десничарските демографски групи. Новиот извештај на германски тинк-тенк детално го прикажува порастот на десничарскиот екстремизам низ целата земја, додека спомениците на нацистичките жртви се под зголемени напади од вандализам и закани.

Според Фондацијата Фридрих Еберт, истражувачки институт на левиот центар, податоците од анкетите покажуваат дека дури еден од 12 Германци сега поддржува некоја форма на крајнодесничарска идеологија. Ова е сериозно зголемување од многу пониските бројки забележани во претходните студии.

Како што објасни за Еуроњуз Франциска Шретер, истражувач во споменатата фондација, една од највпечатливите промени во последните неколку години е видливото ширење на екстремните верувања надвор од традиционалната германска генерациска поделба.

„Прифаќањето на екстремно десничарските ставови е видливо во секоја возрасна група, во зависност од кој феномен го набљудувате. Она што не загрижува е враќањето на трендот“, вели Шретер, додавајќи дека „некогаш, младите беа доследни демократите кои се залагаа за еднаквост наместо да бидат ревизионисти и националисти, додека постарите возрасни групи имаа повисоки стапки на екстремизам. Мислевме дека демографијата, глобализацијата и политичкото образование ќе помогнат, но сега гледаме поголема бројка меѓу средовечните луѓе, а особено младите“.

„Младите учесници во истражувањето кои главно не доживеале војна или вистинска закана од диктатура во нивните животи, но претрпеле многу кризи, се чини дека се наклонети кон идејата дека повеќе диктатура и помалку демократија би можеле да помогнат да се смират работите“, објасни Шретер, истакнувајќи дека е забележителен пресврт кај младите кон сексизам, хомофобија и трансфобија, позиции кои екстремната десница одамна ги прифати.

Подемот на десничарскиот екстремизам се чувствува во различни региони на Германија и во различни области од животот. Политичките кандидати на екстремната десница, особено оние кои ја претставуваат Алтернативата за Германија (АфД), имаат добри резултати на анкетите и постои сериозна загриженост околу радикализираните припадници на вооружените сили и полицијата.

Како и во многу други земји, пандемијата на Ковид-19 предизвика голем број Германци да се заинтересираат за радикални, расистички и понекогаш насилни теории на заговор, од кои некои се согласуваат дека земјата, па дури и светот, е преземена тајно од еврејски влијанија.

Алармот го вклучуваат и оние кои се задолжени за зачувување на споменикот на Холокаустот. Портпарол на Фондацијата за споменици и образовни центри во Хамбург што им оддаваат почит на жртвите на нацистичките злосторства, која е одговорна за Меморијалниот центар на концентрациониот логор Нојенгаме и неколку други меморијални локации, изјави за Еуроњуз дека персоналот во 2022 и 2023 година бележи зголемување на вандализмот, особено со налепници и графити со нацистичка тематика.

Г. Т.

Tags: вандализамГерманијаекстремна десницазаканиРаст
Next Post

Маричиќ: Сигурен сум дека во ВМРО-ДПМНЕ има многу УСБ-иња на Груевски

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk