ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕК го блокира преземањето на „еТравели“ од страна на „Букинг“

September 25, 2023 15:47
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Photo: EP

Photo: EP

Европската комисија денеска донесе одлука да го блокира купувањето на „еТравели“ од страна на „Букинг“, од причина што со нивното спојување дополнително би се ја зајакнала доминантна позиција на „Букинг“ на пазарот на онлајн туристички агенции за хотелско сместување во ЕУ, соопшти денеска еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.

– Спојувањето би довело до намален избор на хотели и повисоки трошоци за потрошувачите, додаде Рејндерс.

Тој посочи дека дигитализацијата се повеќе навлегува во туристичкиот сектор, што го зголеми значењето и влијанието на онлајн туристичките агенции за хотелско сместување, кои обезбедуваат посредување помеѓу хотелите и потрошувачите, со што имаат влијание врз трошоците за хотелите и на крајот и на цената што ја плаќаат граѓаните.

Според Рејндерс, иако онлајн туристички агенции вршат и други услуги, како резервација на летови, изнајмување автомобили и посета на туристички атракции, резервирањето хотелски соби е најголемиот и најпрофитабилен сегмент во овој сектор, со годишен приход од приближно 40 милијарди евра.

– „Букинг“ денес е доминантен на пазарот на онлјан туристички агенции во Европската економска област со пазарен удел близу 70 отсто, кој постојано се зголемува во изминатите 10 години. Спојувањето би му овозможи на „Букинг“ дополнително да ја зајакне својата доминантна позиција, додаде Рејндерс.

Според него, при сместувањето во хотелите значајна улога има и резревирањето на авионски летови, па со презмењето на „еТравели“, кој има значаен удел во овој сектор, „Букинг“ би станал уште подоминантен.

– Комбинирањето на неколку туристички понуди во неговиот систем, ќе му овозможи на „Букинг“ да генерира значителен дополнителен сообраќај кон својата платформа, бидејќи летовите нудат најголема можност за поврзана продажба. Овие ефекти од трансакцијата би ја засилиле инерцијата на клиентите и постојните мрежни ефекти. Спојувањето би им отежнало на конкурентите да ја загрозат позицијата на „Букинг“ на пазарот во иднина, рече Рејндерс.

Според него, истрагата на ЕК покажала и дека спојувањето ќе доведе до повисоки трошоци за хотелите и можеби и за потрошувачите, бидејќи зголеменета доминација ќе ја засили и преговарачката позиција на „Букинг“ со хотелите.

– Дополнително спојувањето може да резултира и со повисоки цени за потрошувачите, бидејќи има некои индикации дека „Букинг“ е скап канал за услуги на онлајн туристичките агенции за хотелско сместување, додаде Рејндерс.

Тој нагалси дека имајќи ги предвид ваквите согледувања и очекуваните значителни негативни ефекти од спојувањето и отсуството на соодветни правни лекови, Европската комисија одлучи да го блокира преземањето.

– Нашата денешна одлука значи дека европските хотели и патници нема да бидат дополнително ограничени во опциите што им се достапни за сместување и резервирање на своите патувања. Тоа исто така значи дека овој важен дел од туристичката индустрија ќе остане конкурентен, зачувувајќи ја желбата за конкурентни цени и иновации, додаде Рејндерс.

Tags: блокадаБукингЕК
Next Post

Реакција на Лазаревска на ОК. ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Кој е „џелат на образованието“?

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk