„Многу порано од 2028, кога Скопје е европска престолнина на културата ќе биде реновирана Универзална сала. Советот на Град Скопје донесе одлука, дел од ингеренциите кои се однесуваат на реконструкцијата да се пренесат на Министерството за култура“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Во живо“ на МТВ.
Таа додаде дека по добивањето на документите министерството ќе направи увид, а веќе е формиран стручен тим кој ќе работи на реконструкцијата и ќе направи увид.
„Тоа ќе биде во најбрз период, не само затоа што Универзална сала е носител на номинацијата за европска престолнина на културата, туку бидејќи ни е потребна концертна сала. Се чувствува отсуството на Универзална сала. Притисокот врз националните установи за користење на простор, каде што поноекогаш и не е адекватен за манифестациите го зголемува притисокот да се најде решение за реконструкцијата на Универзалната сала“ рече Костадиновска-Стојчевска.
Министерката рече дека не треба да се чека 2028 година, туку час поскоро да се отвори Универзална сала, со оглед на тоа што веќе се обезбедни средствата за надворешната реконструкција и ќе биде обезбедени средства за интериерот во моментите кога ќе привршуваат работите на надворешниот дел.