ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Ковачевски: Северна Македонија е лидер во енергетската транзиција, стануваме зелен енергетски хаб во регионот

September 28, 2023 20:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, на денешната собраниска седница во одговор на пратеничко прашање,посочи дека Владата од почетокот на економската и енергетската криза водеше успешна политика од почетокот на економската и енергетска криза, пред сè во делот на обезбедувањето на електрична енергија без никаков прекин во текот на целата измината година. Тој потенцираше дека континуирано се креираат мерки за обезбедување субвенции и финансиски средства за најранливите категории на граѓани како и субвенционирање на цената на електрична енергија, која е обезбедена за сите домаќинства и за сите компании на регулираниот пазар.

„Владата не дозволи ценовен шок, прво, затоа што производството на електрична енергија преку производствените капацитети на ЕСМ беше зголемено на највисоко можно ниво и заради тоа во најтешките месеци од оваа измината зима ние имавме денови кога извезувавме електрична енергија. Со субвенциите се овозможи граѓаните да плаќаат за 80% помалку електрична енергија од тоа што беше пазарната цена и ден денес имаме субвенција за електрична енергија за граѓаните бидејќи нема никакво поместување на цената за електрична енергија“, посочи Ковачевски, одговорајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.

Премиерот потенцираше дека зголемувањето на домашното производство на електрична енергија преку инвестиции во нови енергетски инфраструктурни проекти од страна на државата преку АД ЕСМ, базирани на обновливи извори на енергија е вистинскиот пат кон обезбедување на енергетската независност на Северна Македонија.

„Мандатот на оваа Влада од 16 јануари минатата година до денес ќе биде запаметен како мандат во кој што е инсталирана најголема моќност на обновливи извори на енергија. Во моментов се инсталирани 420 мегавати обновливи извори на енергија со оглед на издадените лиценци до крајот на годината тоа ќе биде 600 мегавати на обновливи извори на енергија што споредено со периодот од 2016 година кога имаше само 16 мегавати инсталирано е огромно зголемување. Тоа нашата држава ја прави најголем производител на обновливи извори на енергија во целиот регион. А, ако ги погледнете и светските медиуми ќе видите дека утре во државата ќе биде пуштена и најголемата фотоволтаична централа во цел Западен Балкан со моќност од 55 мегавати што е еднакво на половина скоро капацитет на еден од блоковите во термоелектраните“, истакна премиерот Ковачевски на денешната собраниска седница.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Димитар Ковачевскиелектрична енергијаенергетска транзиција
Next Post

Петровска: Успехот кој го постигнавме како Армија е со силна поддршка од Националната гарда на Вермонт

НАЈНОВО

„Сцена за сечиј сон“ – Отворен 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје

October 16, 2025

Шукова: Скопје мора да се врати на луѓето град по мерка на човекот, не на автомобилите

October 16, 2025

Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk