ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Радоичиќ ја „презеде“ одговорноста за нападот во Бањска

September 29, 2023 19:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН

Радоичиќ преку писмо призна дека стои зад нападот во манастирот во селото Бањска. Неговиот адвокат јавно го објави неговото писмо, вое кое стои дека токму тој ги направил сите логистички подготовки за, како што стои во писмото, „одбрана на нашиот народ од окупаторот“, пренесе РСЕ.

 

Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, ја презеде одговорноста за нападот врз полицијата во селото Бањска, изјави на 29 септември неговиот адвокат Горан Петронијевиќ.

Петронијевиќ е претставник на Милан Радоичиќ и јавно објави дел од неговото писмо во кое тој признава вина.

„Јас, Милан Радоичиќ, поради многубројните шпекулации, ја известувам јавноста дека заедно со моите сонародници дојдов на северот на Косово во атарот на селото Бањска. Причината за нашето враќање е да го поттикнеме српскиот народ да пружи отпор на теророт на режимот на Курти и во давањето заштита на нашите луѓе кои секојдневно се изложени на тој терор“, се вели во писмото.

Во писмото, Радоичиќ нагласува дека тој лично го организирал нападот.

„Јас лично ги направив сите логистички подготовки за одбрана на нашиот народ од окупаторот, а овој мој чин нема никаква врска со мојот претходен политички ангажман“, стои во писмото.

Во писмото на Радоичиќ се наведива и дека тој „не известил никого од српските власти и локалните политички структури на северот на Косово“, ниту пак добил „некаква помош“ од некој од нив.

Радоичиќ посочува дека со нив имал различни ставови во однос на „претходните методи за отпор на теророт на Курти“.

Радоичиќ се повлекува од партијата

Во писмото на Радоичиќ стои и дека напаѓачите не се „никакви терористи“, туку „борци за слободата на сопствениот народ“.

Во писмото, Радоичиќ објаснува и дека убиството на косовскиот полицаец било „случајно“, по што започнал „жесток конфликт меѓу двете страни“.

Тој ја информираше јавноста дека се повлекува од функцијата потпретседател во партијата Српска листа, нагласувајќи дека неговата политичка инволвираност во оваа партија „нема никаква врска со неговото враќање на Косово“.

Радоичиќ извести и дека ќе одговори на поканата на властите на Република Србија. Неговиот адвокат пак негираше дека Радоичиќ е ранет во Бањска.

Претходно, српските медиуми, меѓу кои и Б – 92 објавија дека српскиот претседател Александар Вучиќ изјавил за шпанската национална телевизија ТВ Еспањола дека Радоичиќ поднел оставка од функцијата потпретседател на Српската листа за да не и наштети на партијата.

Адвокатот Петронијевиќ ги демантираше информациите дека Радоичиќ бил на ВМА, бидејќи, како што рече, не е повреден. Тој повтори дека неговиот клиент ќе се јави на повикот на кој било српски орган, доколку го има, а не одговори на новинарското прашање каде се наоѓа сега.

Не можам да ви кажам, ќе разберете, поради неговата безбедност, заврши Петронијевиќ.

Д. Т / М. Д

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Tags: КосовоМилан РадоичиќоставкаСрбијаСрбска листа
Next Post
Фото: Wikimedia Commons

Украинскиот премиер вели дека ќе ја внесе земјата во ЕУ за две години

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk