ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ Прилеп: Енормното зголемување на данокот на имот – нов удар врз џебот на прилепчани

September 29, 2023 10:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Безмилосното пљачкање на граѓаните на Прилеп во режија на ВМРО-ДПМНЕ и Борче Јовчески, продолжува со несмален интензитет. После поскапувањето на комуналните услуги, паркингот и градскиот превоз, сега прилепчани ќе плаќаат и драстично повисок данок на имот“, на прес-конференција истакна Оливера Костадиноска, претседателка на Форумот на жени на ОО на СДСМ Прилеп.

Таа нагласува дека „заради пословичната нетранспарентност на градоначалникот и локалната самоуправа, граѓаните сè уште немаат точна информација колку длабоко локалната власт ќе буричне во нивните џебови. Но и покрај невештиот обид да ја манипулираат јавноста, јасно е дека поскапувањето на данокот за куќи, станови и земјиште ќе биде драматично“.

„Од малкуте решенија кои досега се доставени до граѓаните на општина Прилеп, може да се види дека зголемувањето на данокот на имот се движи од 60, до фантастични 300 отсто! Иако постојат одредени најави дека ни тоа не е плафонот и дека решенијата кои ќе стигнат на домашна адреса на многумина наши сограѓани, ќе бидат и до 5 пати повисоки во однос на минатогодишните.


Она што е подеднакво трагично со новиот арач, е леснотијата со која ВМРО-ДПМНЕ и Борче Јовчески го кршат законот.

Имено, Законот за даноци на имот вели дека, цитирам, Градоначалникот на општината донесува решение за висината на данокот на имот најдоцна до 31 март во годината за која се утврдува данокот. Меѓутоа денес, на 3 месеци пред крајот на 2023 година, благодарение на неспобноста на Јовчески, решенијата со утврдениот данок ги добиле само 20 отсто од даночните обврзници во нашата општина.

Заради свесното непочитување на законите, за градоначалникот и надлежните во прилепската локална самоуправа мора да следува соодветна санкција од правосудните органи.

Оправданиот револт на прилепчани од енормното зголемување на данокот е исто толку голем, колку што е големо и лицемерието на ДПМНЕ.

Начинот на кој партијата на Мицкоски и градоначалникот Јовчески раководат со Општина Прилеп, со јавните комунални претпријатија и останатите општински институции, покажува дека наводната грижа за стандардот на граѓаните е чиста хипокризија.

Прилепчани повеќе немаат дилема дека сопствениот џеб е единственото нешто за кое се грижат локалните моќници на ВМРО-ДПМНЕ.

Сè освен тоа, е надвор од сферата на нивниот интерес“, рече Костадиноска.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Борче Јовческиданок на имотСДСМ Прилеп

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk