ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Андонов: Чебрен ќе овозможи праведна енергетска транзиција и зголемени инвестиции во обновливи извори на енергија

September 30, 2023 13:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата, Виктор Андонов изјави дека Владата низ транспарентна постапка го избра приватниот инвеститор, конзорциумот ППЦ и Архиродрон од Грција, кој имаат обврска на свој трошок да го изградат Чебрен, и да го управуваат преку заедничката компанија со АД ЕСМ, во која АД ЕСМ ќе има учество од 33%.

Андонов, во емисијата ВИН ВИН на ТВ Телма, како што се наведува во соопштението од Владата, ги презентираше најновите информации поврзани со реализацијата на најголемиот стратешки проект во историјата на македонската енергетика, хидроелектричната централа Чебрен, чијашто изградба се планира и се чека цели шест децении.

-Овој проект е постар од шест децении како идеја и како концепт кој се заснова на максимално искористување на водните ресурси на реката Црна, која е најголема притока на реката Вардар. Изборот на техничкото решение, пред сè висината на браната е определена врз основа на илјадници страни на детални технички истражувања, детални геолошки истражувања изработени уште во времето на Југославија од реномирани домашни и странски консултанти. Конкретната висина на Чебрен е утврдена во Водостопанската основа на Македонија, изгласана уште во 1978 година од тогашното Собрание. Владата низ транспарентна постапка го избра приватниот инвеститор, конзорциумот ППЦ и Архиродрон од Грција, кој имаат обврска на свој трошок да го изградат Чебрен, и да го управуваат преку заедничката компанија со АД ЕСМ, во која АД ЕСМ ќе има учество од 33%, рече Андонов.

Во однос на вкупната вредност на целата инвестиција, информација којашто предизвика интерес во јавноста, тој прецизирал дека цените со кои се лицитира во јавноста се стари и се провлекуваат во различни документи, меѓутоа заради инфлаторните движења на цените во изминатите две децении на светско ниво, цените на материјалите беа во континуиран пораст, посебно во текот на 2022 година.

Андонов додал дека според пресметки направени согласно податоци објавени од Меѓународната агенција за обновливи извори по референтни цени за 2022 година, цената на чинење за изградба на хидроелектрана за 1 киловат час електрична енергија изнесува 2.881 долар и кога ќе се пресмета вкупната моќност на електрична енергија што ќе ја произведува Чебрен и Орлов камен, се доаѓа до бројката од околу една милијарда евра.

-Важно е да се каже дека 2022 година во однос на 2021 година поради војната во Украина, на сите берзи на материјали и метали имаме огромен раст на цените и тоа за 20 до 25%. Кога ќе се направи детален дизајн, проект, кога ќе се склучат договорите за клуч на рака, таа процедура кога ќе се заврши тогаш ќе се знае кои се вистинските трошоци за изградба на ХЦ Чебрен. Сега оваа година ако ги гледаме берзите, гледаме дека има тренд на намалување на материјалите кои претходно скокнаа, пак ќе потенцирам поради војната во Украина, истакна Андонов во своето гостување во дебатната емисија Вин Вин, на телевизија Телма.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АндоновЧебрен

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk