ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска ги претстави новините во Конкурсот за проекти од национален интерес за 2024 година

Ги охрабрувам авторите и младите да го зголемат својот придонес во квалитетот на овој конкурс, истакна министерката за култура Костадиновска Стојчевска.

October 3, 2023 13:32
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција во Владата соопшти дека од денеска (3 октомври) во 12 часот е отворен системот за електронско пријавување на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година. Системот за пријавување ќе биде затворен на 6 ноември во 12 часот.

На прес-конференцијата беше кажано дека и оваа година електронското пријавување целосно ќе се спроведува преку Националниот портал за е-услуги.

„Главните приоритети за секоја дејност или област остануваат исти – квалитет, иновативност, креативност“, рече Костадиновска-Стојчевска, која ги посочи новините и промените што се напревени  во Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, за кои како што рече, ќе дадат дополнителен квалитет.

Министерката за култура објасни дека следејќи ги потребите и трендовите, Министерството за култура за 2024 година направи дополнување на постојните дејности и области со нова буџетска програма – креативни индустрии.

„Тоа значи дека во предлог-буџетот за 2024 г. ќе се отвори нова програма, со посебни финансиски средства. Условите, правилата и приоритетите за пријавување во новата програма за креативни индустрии се објавени на веб-страницата uslugi.gov.mk. Да напомнам дека овој посебен конкурс се однесува само на областите и активностите кои се дел од креативните индустрии, кои не се опфатени со други конкурси и кои досега немале можност да бидат финансирани“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа нагласи дека, ако креативноста се потенцира како една од најважните вештини во промените на новото време, поттикнати од четвртата индустриска револуција, ние тој чекор мора да го фатиме.

−Креативните индустрии стануваат битен двигател на економиите, креираат нови работни места, носат профит, но се и промотори на културниот идентитет. Поставувањето на нова буџетска програма која ќе ги поддржи креативните индустрии е влог во нашиот интелектуален потенцијал и уште една системска поддршка на културната индустрија. Зашто креативноста, иновативноста и оригиналноста се „тројство“ што културата ја издигнува на пиедесталот во т.н. нова економија. Тоа го препознаваме и затоа отвораме нова буџетска програма наменета за креативните индустрии− истакна Костадиновска-Стојчевска.

На Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година, во заштитата на културното наследство ќе има 3 посебни пријави по дејности кои досега беа на иста пријава: библиотечна дејност; музејска дејност и нематеријално културно наследство; заштита на недвижно културно наследство и на аудиовизуелни добра.

Како што објасни Костадиновска-Стојчевска, целта е да се поедностави и да се олесни процесот на пријавување, критериумите, мерилата за оценување на пријавите и начинот на финансирање не се променети, станува збор само за посебни пријави.

Меѓу другите новини, министерката за култура информираше и дека во Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година, во делот за меѓународната соработка е предвидена финансиска поддршка на иницијативи и проекти кои се во насока на унапредување на стратегискиот дијалог со САД, унапредување на соработката со државите членки на иницијативата „Отворен Балкан“, како и проекти што се во функција на поврзување со дијаспората.

„Приоритет ќе имаат и проектите што ќе нѐ промовираат во градовите- европски престолнини на културата во 2024 г., како и во земјите претседавачи со Европската Унија во 2024-та. Го прошируваме и списокот на поддршка, котизација за членство во меѓународни организации и асоцијации. И овие измени, во делот на приоритетите и условите во меѓународната соработка, се објавени на веб-страницата uslugi.gov.mk“, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Таа потенцираше дека искуството од минатите годишни конкурси покажа зголемен интерес за детска литература на македонски јазик и токму затоа на денешната прес-конференцира ги охрабри авторите и илустраторите да го зголемат својот придонес во квалитетот на овој конкурс.

„Сакам да ги охрабрам и младите автори, кои и натаму остануваат во фокусот на нашето внимание“, дополни министерката за култура, која потсети дека системот автоматски го „препознава“ невниманието на корисниците кон општите услови и правила за тоа со колку проекти можат да конкурираат по дејност.

Како што рече Костадиновска-Стојчевска, ова го нагласува, за да не се случи да пропаднат добри проекти поради невнимание.

Техничките упатства и поддршката при регистрирањето, корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата uslugi.gov.mk, како и преку контакт-центарот на овој национален портал.

Помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците и оваа година ќе може да побараат во секторите во Министерството за култура. Контактите со конкретни лица по области и нивните е-адреси се објавени на веб-страницата на Министерството за култура (kultura.gov.mk).

Решенијата за прифатени, за одбиени или за отфрлени проекти, корисниците ќе ги добијат по електронски пат, преку Националниот портал за е-услуги.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаКонкурсот за проекти од национален интерес
Next Post
Фото: Влада на Република Северна Македонија

Ковачевски по повод Детската недела: Инвестираме во модерни и безбедни услови за развој на децата, секое дете заслужува среќно и безгрижно детство

Shortcut

Најново

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk