ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Голем интерес за зелената обврзница – на аукцијата побарувачка од 1,635 милијарди денари, запишани 600 милиони

October 3, 2023 14:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Голем интерес пројавен на денешната аукција за најновиот финансиски инструмент на пазарот – зелената обврзница. На аукцијата за првата емисија имаше побарувачка за скоро три пати повеќе, односно беше доставена понуда во износ од 1,635 милијарди денари. На аукцијата беа запишани зелени обврзници во износ од 10 милиони евра.

-Интересот за овој нов финансиски инструмент што го воведовме на пазарот беше навистина голем. На аукцијата беше понуден износ од 1,635 милијарди денари, но како што најавивме, Министерството за финансии, запиша зелени обврзници во износ од 600,020 милиони денари. Интерес имаше од банки, финансиски институции, но и од физички лица. Тоа покажува дека на пазарот за капитал се потребни нови, креативни и иновативни инструменти кои ќе ја збогатат понудата и ќе овозможат на инвеститорите да го прошират своето финансиско портфолио, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Средствата обезбедени од издавањето на оваа прва емисија на зелена обврзница, како што посочува, ќе бидат насочени во Фондот за енергетска ефикасност во рамки на Развојната банка од каде компаниите ќе може да добијат средства по поволни услови за своите зелени инвестиции.

Издадените зелени обврзница се со рок на доспевање од 2 години со каматна стапка од 4,75 отсто годишно, односно ќе доспеат на 5 октомври 2025 година, а каматата ќе биде исплатена на 5 октомври 2024 година за првата година и на 5 октомври 2025 година за втората година, заедно со главнината.

Инаку, зелените обврзници се хартии од вредност што ќе се користат за инвестициски проекти за зелен развој. Тие се наменети за поттикнување и поддршка на проекти за унапредување и заштита на животната средина и за финансирање еколошки проекти. Целта е поттикнување и забрзување на инвестициската активност во земјата и забрзување на економскиот раст.

Зелената обврзница на пазарот на хартии од вредност доаѓа по успешното воведување на граѓанската обврзница, за која беше објавена првата емисија во текот на јули 2023 година и за која интересот беше два и пол пати поголем од објавениот износ на проспектот на обврзницата.

Средствата од двата инструмента се поддршка на развојната компоненета на Буџетот за 2023 година.

Овој инструмент, како и претходно воведената граѓанска обврзница, е нов производ на домашниот пазар и е предвиден со Стратегијата за развој на пазарот на хартии од вредност, Стратегијата за управување со јавниот долг и Планот за забрзан економски раст.

Согласно Стратегијата за развој на пазарот на капитал и Планот за забрзан економски раст покрај овие два инструмента, во наредниот период на пазарот ќе бидат понудени и проектни и развојни обврзници, коишто се насочени кон развојни проекти и проекти поврзани со инфраструктурата. Дополнително, по издавањето на зелената обврзница во текот на овој месец ќе биде издадена и втората граѓанска обврзница. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: зеленаМФобврзница

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk