ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МФ: Повеќе средства за зелени инвестиции преку Фондот за енергетска ефикасност во Развојната банка

October 3, 2023 18:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА

Собранието на РС Македонија денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Развојна банка на РС Македонија, предложени од Министерството за финансии, со кој се овозможи воспоставување Фонд за енергетска ефикасност преку кој директно ќе се финансираат инвестиции за енергетска ефикасност. Имено и средствата од денеска издадените зелени обврзници во износ од 10 милиони евра ќе бидат насочени во овој Фонд за поддршка на зелени проекти.

Фондот за енергетска ефикасност ќе функционира како посебна организациска единица во Развојната банка, а неговото основање на долг рок ќе придонесе за економска и финансиска одржливост и ќе се овозможи заштеда на енергија, зачувување на природните ресурси, како и намалувањето на загадувањето на животната средина.

Воспоставувањето на Фондот за енергетска ефикасност е во насока на градење ефикасна и ефективна структура  којашто ќе придонесе за исполнување на веќе воспоставените цели на Република Северна Македонија за декарбонизација, утврдени во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, а во која се земени предвид трендовите на енергетската политика на глобално ниво, со цел да се поддржи развојот преку директно финансирање на инвестиции за енергетска ефикасност.

Со Фондот ќе се овозможи одобрување кредити, издавање гаранции и одобрување грантови на правните и физичките лица во земјава. Почетниот капитал на Фондот за енергетска ефикасност е во износ од 5 милиони евра, обезбеден од Светската банка во рамки на Проектот за енергетска ефикасност, којшто се надополнува со средствата обезбедени преку издавањето на зелената обврзница од 10 милиони евра. Фондот во иднина ќе се надополнува и од други извори за зелени инвестиции.

Формирањето на Фондот претставува усогласување со ЕУ директивите за енергетска ефикасност, а со цел ваквиот национален фонд да даде поддршка на националните иницијативи за енергетска ефикасност.

Собранието денеска ги усвои и измените и дополнувањата на Законот за акцизи кои произлегуваат од ЕУ Директивите и претставуваат усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ.

Tags: Зелени инвестицииМФРазвојна банка
Next Post

Усвоена одлуката за формирање работна група за изнаоѓање заедничко решение околу прашањата покренати од Синдикатот на УПОЗ

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk