Српските медиуми според соопштение од МВР на Србија, јавуваат дека „контроверзниот српски бизнисмен Милан Радоичиќ, кој според сопствените тврдења е организатор на вооружениот конфликт во Бањска на Косово во кој загинаа четири лица, денеска е уапсен“.
„На 03.10.2023 година, полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција извршија претрес во станот и другите простории на Милан Радоичиќ, кому полицијата му одредила притвор до 48 часа. Со кривична пријава е донесен во Вишото јавно обвинителство во Белград“, велат од Министерството за внатрешни работи на Србија.