„Добро е што има различни мислења за Законот за амнестија. Тоа е неразбирливо за ВМРО-
ДПМНЕ, бидејќи не им е јасно како одредена Влада има демократски капацитет да има
различни ставови“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Студио 10“ на ТВ24.
Тој додаде дека сите партии во владината коалиција се пред се за европската агенда, но често
може да има различни ставови за одредени прашања.
„Така е сега и ќе биде во иднина. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ е нејасно, бидејќи тие немаат став за
одредени прашања, ниту пак имаат демократски капацитет“ рече Каевски.