ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Кофинансирани 86 домашни компании за иновативни идеи и креативни решенија за забрзан раст

October 4, 2023 18:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 4,4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија преку јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој.

– Семејството на ФИТР од денеска се зголемува за 86 нови претпријатија и со оваа бројка, портофлиото на ФИТР брои 1.153 кофинансирани проекти кои реализирале, реализираат или ќе започнат со реализација со проекти во вкупна вредност од 130 милиони евра. Ова е јасен показател дека Фондот за иновации и технолошки развој е вистински дом за сите микро, мали и средни претпријатија кои имаат иновативни идеи и креативни решенија и драго ми е што од денеска заеднички започнуваме со ново претприемничко патување за кое сум убеден дека ќе резултира со голем успех, истакна директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Фестим Халили.

ФИТР ќе кофинансира 4,4 милиони евра, а корисниците ќе инвестираат 2,7 милиони евра за реализација на проектите.

Најголем број од претпријатијата кои победија на конкурсот се микро (48 отсто) и мали претпријатија (48 отсто), додека четири отсто се средни претпријатија. Компаниите ќе работат на проекти од информатичката технологија, здравството, технолошката индустрија, земјоделството, угостителството, текстилната индустрија, градежништвото, машинството, образованието, маркетингот, итн.

– Особено ме радува што солиден процент од вкупниот број од селектираните, 43 проценти се старт-ап, млади претпријатија, што значи дека сме овозможиле развој на нови идеи, бизниси и проекти. Всушност и нашата мисија е таа, да ги охрабриме ентузијастите да ја преточат својата уникатна идеја во реалност, а ние да им бидеме партнери во целиот тој процес. Дополнително охрабрува фактот што жените претприемачи покажаа значително голем интерес за започнување на иновативен проект, односно 46 проценти од претпријатијата имаат жена како сопственик или управител,  рече Халили.

Според министерот за образование и наука Јетон Шаќири, ФИТР ја поттикнува иновациската дејност, технолошкиот развој и забрзаниот економски раст во екосистемот на старт – ап и екосистемот на микро, мали и средни претпријатија во нашата држава.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири посочи дека поддршката на истражувањата и иновациите се приоритет на Владата и на Министерство за образование и наука, а ваквите успешно реализирани јавни повици се функционални механизми за финансирање на иновативни проекти. Нагласувајќи ја важноста од системски одговор на глобалните барања за индустриска конкурентност и иновативност, министерот Шаќири укажа дека колку повеќе се зголемуваат можностите за креативен пристап во решавањето на предизвиците, толку побрзо ќе напредуваме во научно-технолошкиот и економскиот развој.

Во врска на транспарентноста на ФИТР,  директорот на Фондот рече дека селекцијата ја прави  меѓународен комитет составен од експерти од САД, Велика Британија, Германија и Австрија и дека сите резултати се објавуваат на веб страната на ФИТР.

На јавниот повик, којшто траеше од 27 март до 5 мај годинава, биле доставени 268 проекти на домашни претпријатија, но согласно процедурите на ФИТР за евалуација на пристигнатите предлог-проекти, донесена е одлука за финансиската поддршка на вкупно 86 претпријатија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Компаниикофинансирани

НАЈНОВО

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација на изјавата на Мицковски за дополнителни даноци за неженети и немажени

July 4, 2025

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

July 4, 2025

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маратонката Поп Арсова обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk