ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Распишан конкурс за „Иницијативата за европски универзитети“ за 2024 година во рамки на Еразмус+

October 4, 2023 09:50
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисијата објави Конкурс во рамки на Програмата Еразмус+ за „Иницијативата за европски универзитети“ за 2024 година на кој може да аплицираат асоцијации на високообразовни институции за спроведување на студиски програми преку кои  нивните студенти ќе можат да комбинираат студии на факултети во неколку европски земји.

Целта на Иницијативата е поврзување на новата генерација на Европејци способни да студираат и работат во различни европски земји, на различни јазици и низ различни сектори и академски дисциплини. Овој петти по ред Конкурс за оваа Иницијатива ќе трае до 6 февруари 2024 година.

На минатогодишниот Конкурс беа избрани 50 универзитетски асоцијации со над 430 високообразовни институции од 35 земји, меѓу кои беше и Универзитетот „Свети Климент Охридски“ (УКЛО) од Битола како дел од асоцијацијата „Иновативено одржлива соработка на регионални универзитети“ (ЦОЛОУРС), заедно со универзитети од Полска, Хрватска, Шведска, Естонија, Италија, Германија, Франција и Летонија.

ЕК има за цел на новиот конкурс да бидат избрани најмалку 60 асоцијации на европски универзитети кои би обединиле над 500 високообразовни институции.

По повод објавување на Конкурсот, потпретседателот на Европската комисија за европски начин на живот Маргаритис Схинас изјави дека асоцијациите на европските универзитети им овозможуваат на младите генерации да ја почувствуваат Европа како реалност.

– Тие се од голема важност за развивање на силното чувство за европска припадност и поттикнување на вештини за докажување, како за младите студенти, така и за доживотните ученици, преку надградба и преквалификување. Нивните студенти можат да имаат корист од меѓународно, мултидисциплинарно и граѓански настроено високо образование, во чии рамки со иновативно учење ќе ги стекнат вештините што им се потребни за да одговорат на предизвиците на нашето време и да станат ангажирани граѓани, истакна Схинас.

Тој потсети и дека студентите опфатени со оваа Иницијатива ќе добијат заедничка европска диплома, призната во Европа, како симбол на развојот на „овие вештини на иднината“.

Еврокомесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади Илијана Иванова истакна дека оваа Иницијатива е одраз на силната посветеност на ЕУ кон европските универзитети.

– Конкурсот нуди можности за создавање асоцијации на отворени, зелени и поврзани меѓууниверзитетски кампуси, каде што искуствата за мобилност и соработка се составен дел на секоја програма за високо образование и каде студентите можат да работат надвор од границите на своите земји со професори, истражувачи, компании и иноватори на трансдисциплинарни меѓународни проекти, додаде Иванова.

Како што посочи ЕК, улогата на асоцијациите на европските универзитети е да ја поддржуваат транснационалната соработка меѓу различните високообразовни институции во Европа на полето на образованието, истражувањето, иновациите и општествените услуги. 

Tags: еразмусконкурсУниверзитети
Next Post

Романија ќе испрати 100 војници заради зајакнување на присуството на КФОР

Shortcut

Најново

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk