ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Американскиот Сенат го потврди назначувањето на Џејмс О’Брајан за помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија

October 5, 2023 09:12
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот Сенат го потврди назначувањето на Џејмс О’Брајан за помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

За именувањето на О’Брајан гласаа 67 сенатори, а против беа 31 сенатор, соопшти Сенатот.

О’Брајан ќе ја замени Јури Ким, некогашна американска амбасадорка во Албанија, на местото помошник државен секретар за Европа и Евроазија.

О’Брајан, кој за таа функција беше предложен пред неколку месеци од американскиот претседател Џо Бајден, ќе биде претпоставен на американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Пред гласањето за номинацијата, претседателот на Комитетот за надворешна политика на Сенатот, сенаторот Бен Кардин, потсети дека О’Брајан пред таа комисија зборувал за важноста на американското лидерство кога станува збор за интеграцијата на Западен Балкан, Украина и Јужен Кавказ во „трансатлантски економски и политички структури“.

„Со оглед на тоа што тој беше главен заменик-директор за планирање и претседателски специјален пратеник за Балканот, тој ќе биде целосно информиран доколку повторно избие конфликт на Косово. Нема да се двоуми да ги повика на ред лошите актери во БиХ, ниту да соработува со оние кои промовираат мир, транспарентност и просперитет“, рече Кардин.

О’Брајан служел во две американски администрации како специјален пратеник на американскиот претседател, објави Белата куќа.

„Периодот од 1989 до 2001 година го помина како висок советник на поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт, заменик директор за планирање политика, како и претставник на американската администрација за Балканот“, се наведува меѓу другото во најава на Белата куќа кога тој беше номиниран минатата пролет.

О’Брајан беше дел од американската делегација и за време на преговорите меѓу косовските Албанци и српските власти во Рамбуе во 1999 година.

Tags: Американски СенатЏејмс О'Брајан
Next Post

Во Скопје се одржува 14. Балкански конгрес за хумана генетика и 9. Состанок за ретки болести на Југоисточна Европа

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

November 9, 2025

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

November 9, 2025

Која музичка ѕвезда ја отелотворува твојата хороскопска енергија

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk