ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ристиќ: Косовските Срби да ги отфрлат властите во Белград кои ги предадоа

October 5, 2023 19:50
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Претставникот на новоформираното Национално движење на Србија за Косово, Жарко Ристиќ ги повика Србите од Косово „да се свртат и да ги отфрлат лажните политички власти од Белград“ кои, според него, „ги предаваат Србите од Косово и ги даваат на косовската полиција како на тацна“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение доставено до медиумите, кое го пренесе порталот „КоССев“ Ристиќ ги окарактеризира настаните од 24 септември во Бањска кај Звечане во северно Косово, каде што беше убиен еден косовски полицаец и тројца од групата Срби, кои извршија напад врз полицијата, како „последна епизода од предавството на Србите“.

– Српската Влада служи за предавство, ропство и кражба на сопствениот народ, српската војска само за паради и Пасуљански ливади (воен полигон во Србија), додека црковните великодостојници за молитви и денови на жалост, вели поранешниот претседател на косовскиот комитет на српската Народна партија.

Тој го обвини за предавство српското раководство, за кое тврди дека е „задоволно“ со фактот успеале „темелно да го анестезираат српското политичко битие и да ја сработат секоја домашна задача што им ја побарале ’странските партнери‘“, без да прецизира кои се тие партнери.

– За десет години успеаја да ја предадат и да ја уништат секоја форма на српска државност на Косово и Метохија, да ја сведат борбата на Србите за зачувување на животот и мирот на КиМ на пушкарање на опскурни ликови како Милан Радоичиќ и нему слични. Успеаја да го претстават убиството на српските млади момчиња и херои како обични жртви, што мора да се очекува и во иднина, како да не постои дипломатско-политички маневар што можат да го направат, вели Ристиќ.

Поради ова, порача тој, на Србите од Косово „не им останува ништо друго освен да се свртат кон самите себе, но на поинаков начин“.

– Излезот од предавството е Србите повеќе да не ги следат погрешните наредби и насоки на оние кои ги упатуваат на сигурно уништување. Не смееме да дозволиме да бидеме финансиски и политички влог за нашите претставници во Белград. Нашите животи немаат цена, ниту се мерат во квадрати или долари. Мораме да ги отфрлиме и лажните политички авторитети од нашите сопствени редови, кои ни се подметнати за во наше име да признаат некакви неразбирливи и нелогични потези со елементи на воена иконографија, вели Ристиќ.

Од „воените експерти“ во Србија тој побара веќе да не ги бранат косовските Срби, затоа што, во спротивно, нивната судбина ќе биде „идентична на судбината на Србите од Српска Краина“ во Хрватска.

– Би им порачал на воените експерти, кои за десет години загубија повеќе војници на воените вежби на територијата на централна Србија, отколку што загубија во одбраната на својот народ на Косово и Метохија, повеќе да не нè бранат така, бидејќи судбината на нас Србите во Косово и Метохија ќе биде идентична на судбината на Србите од Српска Краина, порача Ристиќ преку денешното соопштение.

Tags: Жарко РистиќКосовоСрбија
Next Post

Ковачевски: Ако нема мир нема да има ни Отворен Балкан ни Берлински процес

НАЈНОВО

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

August 24, 2025

Д-р Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk