Руското гранатирање во областа Херсон предизвика сериозна штета на болница, напиша на Фејсбук Олександр Прокудин, украинскиот регионален гувернер на Херсонската област.
Четвртиот кат од болницата во градот Берислав е „целосно уништен“, а останатите катови се оштетени. Двајца медицински работници беа повредени, додаде Прокудин.
Нападите врз болниците се сметаат за воени злосторства.
Берислав, кој се наоѓа на брегот на реката Днепар, често е под напад од руските сили бидејќи е блиску до линијата на фронтот.
Путиновата агресорска армија денеска уби речиси 50 луѓе во артилериски напад во Харкив, изјави висок претставник на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.
И амбасадорката на Украина во нашата земја, Лариса Дир, на социјалните мрежи извести дека е погодена продавница во Харкивската област, при што загинаа 49 лица, меѓу кои и шестгодишно дете. Таа нагласи дека на Украина ѝ е потребна помош со муниција и средства за противвоздушна одбрана што е можно поскоро.
„589 ден. Сега! Харкивска област. Купјански реон. Државата-терорист рф погоди продавница – загинаа 49 лица, меѓу кои 6-годишно момче. руските убијци убиваат Украинци секој ден, потребна ни е помош со муниција и средства за противвоздушна одбрана што е можно поскоро!“ – објави украинската амбасадорка.
Гувернерот на Харкив, втор по големина во Украина, изјави дека шестгодишно момче е меѓу 49-те лица убиени од гранатирање во селото Гроза, каде што спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат урнатините. Уште шестмина се повредени, меѓу кои и една млада девојка.
Поврзано: