Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, чиј домаќин годинава е министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.
Како што соопшти МНР, на состанокот се очекува да се разговара за постигнувањата во рамките на Берлинскиот процес и влијанието на оваа клучна иницијатива врз регионалната соработка, нејзината важност во заокружувањето на европската интеграција, како и билатералните односи.
На маргините на состанокот во Тирана министерот Османи ќе има билатерални средби со свои колеги од регионот и пошироко.