ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Шкријељ: Го решивме долгогодишниот проблем на лицата без документи, секој е важен

October 6, 2023 12:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ставаме крај на долгогодишниот проблем на лицата без документи. Со донесените измени на законите за престојувалиште и живеалиште како и Законот за лична карта им овозможуваме на ранливите и социјално загрозените лица да добијат пристап до лична документација“, рече на денешната прес-конференција, пратеничката Санела Шкријељ.

Таа нагласи дека „поради непоседување имот овие наши сограѓани немаа можност да обезбедат докази за сопственост на имот или договор за закуп и остануваа без пријавена адреса, а со тоа и без лична карта“ и потенцира дека сега се создадени услови и трајно се решава овој проблем.

„Во јуни 2023 Собранието ги усвои и измените на Законот за матична евиденција со што се овозможи секое дете родено во земјата да добие извод при раѓање, а најдоцна 45 дена од раѓањето, без разлика дали неговите родители се без документи или без државјанство. Во период од два месеци од измените на законот, решени се 310 предмети на лица кои добија извод од матичната книга на родени.

СДСМ континуирано и преку системски решенија, се грижи за граѓаните, особено за оние кои имаат најголема потреба од помош.

Со ова се заокружи процесот на решавање на проблемот со бездржавјанството, така што ќе се стави крај на бездржавјанството во Република Северна Македонија и ќе се решат основните човекови права на околу 700 лица, колку што беа детектирани во нашата држава.

На овој начин, овие неевидентирани лица – т.н. фантоми сега ќе можат да ги оставрат своите основни човекови права, со што Северна Македонија ќе биде прва во Европа која го има решено статусот на бездржавјанството. Освен тоа, донесените интервенции во посочените закони се гаранција дека во земјава нема да се повтори ситуација со лица без државјанство

Грижата за сите продолжува, затоа што секој е важен“, истакна Шкријељ.

 

Tags: лица без документиСанела Шкријељ
Next Post

Фон дер Лајен: И кандидатите за членство и ЕУ имаат свои домашни задачи поврзани со проширувањето

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk