Европска Унија денеска ја запре помошта за Палестинците, објави еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји на социјалната мрежа Икс (Х).
The scale of terror and brutality against #Israel and its people is a turning point.
There can be no business as usual.
As the biggest donor of the Palestinians, the European Commission is putting its full development portfolio under review, worth a total of EUR 691m
⤵️— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) October 9, 2023
Со тоа 691 милиони евра наменети за развој на Палестинците „ќе се преразгледуваат“.
Сите плаќања веднаш се суспендирани. Сите проекти се ставени на разгледување. Сите нови буџетски предлози, вклучително и за 2023 година се одложени до понатамошна одлука. Сеопфатна процена на целото портфолио, напиша Вархеји на Икс.