ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН СЦЕНА

(ВИДЕО) Режисерката на „Сестри“ Дина Дума: Моќта на ВИ е застрашувачка, но може и да отвори различни работни позиции во филмот

October 13, 2023 11:56
in TECH FRONT, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, КУЛТУРА, МАГАЗИН, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Режисерката на првиот македонски филм на Нетфликс – Дина Дума, беше гостина во „Што го врти светот“. Со Јована отворија најразлични теми кои во моментов го вртат филмскиот свет. Една од темите беше користењето на Вештачката интелигенција, во филмот. Отворено беше и прашањето дали новите технологии ќе го направат снимањето на одредени жанрови како Научната фантастика поевтино и подостапно за македонските филмски студија. Моментално оваа тема го тресе филмскиот свет, поради заканата за бројни работни позиции во оваа индустрија. Од друга страна според Дума, новите технологии можат да отворат и нови, различни работни места во филмот. Дел од достапните технологии, особено визуелните, во делот на шминка, или замена на статисти пак, засега се далеку од квалитетот што е потребен за филм. Сепак според режисерката, прашање на време е кога технологијата ќе го достигне нивото на човекот.

„Од една страна е фасцинантно, но од друга страна е застрашувачки. Не мислам дека ќе се заменат многу позиции во филмот. Технологијата многу олеснува за правење на филмови од типот на Аватар, на пример. Но, секогаш ќе бидат потребни луѓето и креативците кои работат на тој сет.“ – истакнува режисерката.

„Самата технологија не значи ништо без креаторите на истите. Нема да исчезнат, но ќе има нови позиции. Ќе имаме програмери во филмот. Кога снимате на зелен екран ви требаат многу професионалци кои потоа тој дел добро ќе го сработат. Најмалата грешка или неквалитет веднаш ќе го забележи гледачот“ – додава Дума.

Целата епизода во која покрај оваа тема беа обработени и темите на финансирање на филм во Македонија и во светот, снимањето на серии како „Преспав“ на која работи и Дума, како и важноста на креирањето на содржини на македонски за заштита и развој на јазикот.

Погледнете ја целата епизода со режисерката која го создаде „Сестри“ (првиот македонски филм на Нетфликс) и е дел од тимот на „Преспав“ :

Во светот моментално темите поврзани со Вештачката интелегенција на големо ја тресат филмската индустрија. Здружението на писатели на Америка, предупредува дека наскоро продуцентските куќи ќе почнат да ги заменуваат авторите со скрипти генерирани со помош на апликации слични на ChatGPT алатката.  Истовремено компаниите од забавната индустрија веќе имаат огласи за продукт менаџери во областа на Вештачката интелегенција со плати помеѓу 300 и 900 илјади долари годишно. За компарација просечните примања на актери кои не се во главни улоги се движат околу 26 000 годишно. Промената се случува во многу индустрии, истата треба да се следи, т.н. четврта технолошка револуција е тука. Доколку ве интересираат теми поврзани со работните места и вештачката интелегенција можете да ја погледнете и првата епизода од „Што го врти светот“ со Дарко Велков.

Tags: вештачка интелигенцијаДина Дума
Next Post

Ковачевски - Агелер: Нови активности во насока на зацврстување на партнерството и реализирање на заедничките приоритети

EVN

НАЈНОВО

Илустрација ФБ профил А. Жерновски

Нема виза ни за Периметарот

January 15, 2026

Николоски и Агелер: Економската соработка меѓу Македонија и САД во континуиран пораст

January 15, 2026
Фото: МИА

Почнува Европското првенство во ракомет 2026, Македонија утре против Данска

January 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Шпанското обвинителство отвори истрага за обвинувањата против Хулио Иглесијас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Режисерот и актер Тимоти Басфилд се предаде на полицијата во Ново Мексико по обвиненија за сексуално злоставување деца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу 75 земји за кои САД ја суспендираат обработката на иселенички визи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk