Mнозинството Американци, и од Републиканците и од Демократите, сака САД да помогнат да се извлечат палестинските цивили од опасност во Газа во услови на израелска војна против милитантите на Хамас, но поддршката на американската јавност за Израел во конфликтот изгледа посилна отколку во минатото, покажа анкета на Ројтерс/Ипсос.
Резултатите од дводневната анкета, која беше затворена во петокот, покажаа дека 78 отсто од испитаниците – вклучително 94 проценти од Демократите и 71 отсто од Републиканците – се согласија со изјавата дека „американските дипломати треба активно да работат на план за да им се дозволи на цивилите да избегаат во безбедна земја“.
Дваесет и два отсто од испитаниците не се согласуваат.
Поддршката меѓу Американците за позицијата на Израел во конфликтот беше поголема во новата анкета отколку во истражувањето во 2014 година, кога израелските копнени сили влегоа во крајбрежната енклава во судирот со Хамас, чија цел беше да се запре ракетниот оган кон Израел.
Четириесет и еден процент од испитаниците во новата анкета, велат дека се согласуваат со изјавата дека „САД треба да го поддржат Израел“ во неговиот конфликт со Хамас. додека 2 проценти рекле дека „САД треба да ги поддржат Палестинците“. Во анкетата на Ројтерс/Ипсос, спроведена за време на конфликтот во 2014 година, 22 отсто од испитаниците рекле дека САД треба да ја поддржат позицијата на Израел, а два отсто биле Палестинците.
Поддршката за ставот на Израел во новата анкета е најсилна меѓу републиканците, при што 54 отсто од партијата ја поддржаа позицијата на Израел во споредба со 37 отсто од Демократите.