Дел од македонските медиуми ширеа паника меѓу граѓаните објавувајќи лажни и непотврдени информации за наводно загинати македонски граѓани во израелско-палестинскиот конфликт. Во медиумите ММС.мк, Вести.мк, Булевар.мк, Инфомакс.мк, Читај.мк… беа објавени наслови „Загинале тројца македонски државјани во Газа?
Горенаведените медиуми решиле да објават ваков манипулативен наслов и покрај тоа што во текстот пишуваат дека министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање рече дека нема информација за тројца загинати македонски државјани во Газа, како што според медиумите соопшти Еврејската заедница во Македонија.
Ваквите „информации“ дополнително ги поттикна поддржувачите на опозицијата да коментираат „колку е неспособна оваа власт“ што не може да обезбеди евакуација на македонските граѓани од бојното поле.
Инаку, со чартер лет организиран од владата на 13 октомври, успешно се евакуирани сите државјани на Република Северна Македонија кои побарале помош да го напуштат Израел и да се вратат во земјата, соопшти владината служба. Финансиските трошоци за превезувањето на евакуираните граѓани се покриени од резерви на државниот Буџет.
ЦМТ / Цивил Медиа