Царинската управа на Северна Македонија ќе добие 4,8 милиони долари грант од Владата на Република Кореја за воспоставување систем за управување со ризици и податочен склад.
Грантот е дел од меморандумот за соработка што денеска треба да го потпишат Царинската управа и Царинската служба на Република Кореја.
Како што е најавено, меморандумот ќе го потпишат директорот на Царината Стефан Богоев и директорот на Бирото за Информатички комуникациски системи при Царинската служба на Република Кореја, Ки Донг Ким.