ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Филипче: Од 2018 години се носат лекови со европски сертификат, наместо од паралелен увоз со сомнително потекло како претходно

October 17, 2023 12:45
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пред собраниската Анкетна комисија за скандалот на Клиниката за онкологија, денеска сведочеше поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека во негово време за прв пат e воведена биолошката терапија за пациентите со малигни заболувања. Поранешниот министер Филипче, истакна дека од 2018 кога започна неговиот министерски мандат, направени се системски промени за голема контрола на квалитетот на лековите, увоз на лекови со европски сертификат, со што е спречена претходната пракса на паралелен увоз на лекови со сомнително потекло и без сертификати.

Филипче пред пратениците говореше дека додека тој управувал со министерството бил во редовна комуникација со сите здруженија на пациенти со малигни заболувања, како и во контакт со медиуми и пациенти и никогаш до него не стигнала каква било информација за злоупотреби на Клиниката. Како што посочи поранешниот министер, напротив во тој период и пациентите и Здруженијата биле задоволни од набавената нова биолошка терапија која била достапна постојано дури во време на Ковид кризата, кога Филипче воспостави систем пациентите со малигнитет, таблетарната терапија да ја примаат дома, и истата да им се испорачува во домовите.

Тој истакна дека до него не стигнале никакви информации за пропусти во работењето ниту пак индиции за злоупотреби на лекови дошле како информации до него, од страна на истражните институции.

„Во државата имаше систем со кој не се знаеше какви лекови се даваат во државата, најмногу за пациентите со малигни болести и за дијабетичарите пред да ја преземам функцијата министер. Но законот го променивме и оттогаш лековите се со европски критериуми“, рече Филипче.

Тој вели дека паралелниот увоз на лекови овозможувал лековите што влегуваат во државата да бидат без сертификат за квалитет, но тоа го променил во 2018 година. За прв пат била обезбедена биолошката терапија која дотогаш била недостапна и станала достапна за голем број пациенти и тоа во континуитет рече пред комисијата Филипче.

За реверсот на кој се земаат лекови тој појасни: „Реверсот е за пациентите да не останат без лек. Во јануари имате 100 пациенти со една дијагноза. Во март дошле 20 нови, а првите 100 мора цела година да го примаат лекот. Затоа е земан реверсот. Не го оправдувам тоа, ама тоа е начин да се обезбеди терапија за сите инаку пациенти ќе останеле без лек. Системот треба да се смени, рече Филипче

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: анкетна комисијаВенко Филипчеонкологија

НАЈНОВО

Сабаленка и Американката Коко Гоф во финалето на Ролан Гарос

June 7, 2025

Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

June 7, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп доби судска дозвола да го ограничи пристапот на новинарите на Асошиејтед Прес во Белата куќа

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk