ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во Собранието продолженија на три пленарни седници

October 17, 2023 10:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието денеска се закажани продолженија на три пленарни седници – 127., 126. и на 74. седница.

На 127. седница пратениците треба да ја разгледаат потребата за носење на Предлог на деловник на Собранието на Република Северна Македонија, во прво читање. Предлог-Деловникот минатата недела едногласно беше даден на натамошна постапка на матичната Комисија за деловничко и мандатно имунитетни прашања.

На дневен ред на оваа седница се и останти и Предлог на закон за ратификација на амандманите на Договорот за основање на Европската банка за обнова и развој, Предлог на закон за ратификација на Договорот за културна соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција и Предлог на закон за изменување на Законот за даночно ослободување со цел реализирање на Одлуката за склучување на Анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата, по скратена постапка.

На дневен ред на 126. седница се неколку точки, меѓу кои, ратификации на закони за Спогодбата помеѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина, Владата на Република Бугарија, Владата на Република Хрватска, Владата на Унгарија, Владата на Република Северна Македонија, Владата на Црна Гора, Владата на Република Србија, Владата на Словачката Република и Владата на Република Словенија за соработка и координација на потрагата и спасувањето во областа на воздухопловството, на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Романија за зајакнување на соработката во областа на внатрешната контрола и спречување и борба против корупцијата и на Протоколот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален Совет за изменување на Спогодбата од 14 април 2000 година помеѓу Македонската Влада и Швајцарскиот Федерален Совет за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот на доход и данокот на капитал. Пратениците треба да ги разгледаат и Одлуката за изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.

На дневен ред на 74. седница се измените на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на Законот за платите на јавните обвинители, по скратена постапка, на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, во прво читање, на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење, во прво читање, на Законот за основното образование, во прво читање и Предлог на резолуција против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици.

Tags: продолженијаседницаСобрание
Next Post

Облачно и студено со повремен дожд

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk