ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Го прочитав интервјуто на Груевски за српска „Политика“, па ми се згади, а потоа ме фати туѓ срам

October 18, 2023 13:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Последно време се фаќам себе како пишувам текстови од крајно себични причини. Тука, низ моите „себични причини“ се обидувам да го смирам мојот немир кој во моментот ме мачи. Понекогаш успевам, а понекогаш не.

Овде, во овој денешен текст, во моето глаголење за мојот внатрешен свет и светот кој е надвор од мене, го правам од немоќ, разочараност, бес, револт… И сите овие емоционални карактеристики нема да поминат ниту кога би испишал илјадници зборови. Другата опција која ми беше на располагање е да не напишам ништо, а тоа себе не можам да си го дозволам затоа што заради не чинење, и тоа она колективно, ја чувствувам таа немоќ.

Meѓутоа, знам, ништо овој текст нема да промени, освен што краткотрајно ќе ја смири мојата совест. За жал, од мојата немирна совест многу поголем проблем е нејзиниото општо отсуство.

Имено, вчера го прочитав текстот на Груевски објавен за српска „Политика“. За моите впечатоци од грујовите ментални излачувања, ќе стане збор во редовите кои следат. Поточно, ќе стане збор за отсуството на срам, не само кај него лично, туку и срамот на целата заедница.

Со кнедла во грлото ги читам тие бесрамни ментални излачувања на Никола Груевски за српска „Политика“. Зборува за негов прогон – а е осуден за сторен криминал и злоупотреба на јавна функција; нормално, во интервјуто провејува и тоа, мора во неговите конструкции да има и едно дежурно страшило, а каде ќе најде (по)дежурно и (по)големо страшило од Зоран Заев? Потоа, како во секој третолигашки шпагети-вестерн филм, дежурното страшило го клевети дека „неуморно работело на негов прогон и прогон на неговите соработници“; потоа, дежурното плашило „се ангажирало кај судиите, адвокатите, медиумите, а во поголем дел од пратениците имал и лично влијание“.

Натаму, Зоран Заев ја попречувал работата на Обвинителите за постигнување на неговите деловни цели, па Груевски се прашува, (како вистински професор по ОНО и ОТП, се сеќавате на тие блесави предмети?), до кога ќе се толерираат ваквите негови постапки.

Па, додека не се врати Грујо мајчин, нели тоа е логиката?

Натаму, видете што направил Заев, ни вели Груевски за српска „Политика“: седнал да разговара со Мицкоски, а темата од таквиот разговор ја образложил и пред сегашното партиско раководство на СДСМ? Ауууу, брате, што направил Заев, седнал со Мицкоски, тој наш (архи)непријател, и пази што направиле – разговарале, каков скандал, каква дрскост, каков фашизам и „анархизам“; ааааууу брате, какво подривање на државата, на судот, на правосудниот систем… Заев седнал да разговара со Мицкоски, а овој му прифатил разговор, каков бесрамник, какво предавство на светите букви на партијата, какво предавство на Гоце, Даме и Питу!

И понатаму, да ви бидам искрен, ми се згади, па престанав да читам… Можев да читам и натаму, ама последно време внимавам на моето ментално здравје кое баш и не е во „соврешена кондиција“ како порано, ама се држам, од петни жили се трудам да читам важна литература, а фекално срање кое се произведува од нашите „персони драматис“, го отфрлам колку што можам, или го поднесувам онолку колку што срањето ми ги напаѓа сетилата.

Ајде сега да се фокусираме и видиме што, реално, овде, имаме, господине Вотсон!

Што се случи после бегството на Груевски (?), ако сме заборавиле, време е малку да се потсетиме од минатото, затоа што тоа минато ја дефинира и нашата денешна реалност.

Откако збриша Груевски, во земјата се случи опаѓање на општествените тензии – а со тоа, на сосема симболичко ниво – опадна или заврши медиумското насилство. Едноставно, работите се вратија во нормала, о, и тоа како се вратија во нормала. Тоа чувство беше толку силно, практично можеше да се пипне со гола рака. Тоа „враќање во нормала“ со Грците ни ги подобри и зајакна односите, зајакнатите односи, пак, ни создадоа околност за да го парафиравме договорот од Преспа. Потоа почнаа да ни се отвораат европерспективите, доаѓаа лидери на големи држави во земјата, и после сите маки со режимот на Груевски, јас, брате мили, се чувствував повторно нормално, се чувствував слободно, дишев воздух без стресови, без насилства и без срања… Се чувствував повторно „како дома“!

Исчезнаа сите апокалиптични сценарија за тоа дека Македонија ќе ја погоди цунами и метеор во исто време ако остане без „татковска“ заштита на ВМРО-ДПМНЕ и нејзината мафија; исчезнаа и се искршија сите лудачки предвидувања, исчезна и се растури сè пред хидрата на реалноста.

Купишта работи денес без Груевски во Македонија не се подобри одошто беа додека беше тој премиер, и тоа многу луѓе ги прави нетрпеливи, разочарани, резигнирани, ама тешко е да се најде било што денес кое не е подобро од времето додека беше тој непрокопсаник. Сите работи се подобри, ама буквално сите работи денес се подобри од времето во кое беше лудиот владетел Груевски.

Добро, разбирам, секојдневието и нашите животи си одат натаму, времето е немилосрдна работа, си тече и ништо не те прашува, а кое би било резимето на овој текст? Па, ако мене ме прашате, ќе ви речам дека за Македонија еколошки добиток е да остане без Груевски и во иднина. И уште ако мене ме прашате дали останувањето без Груевски во Македонија трајно ќе го оздрави воздухот, не сум сигурен, ама сигурно ќе ни биде подобро без Груевски, а верувам дека и нему денес му е подобро без нас, освен ако не е вистински полуден, па се обиде да предизвика уште едно „македонско репете“ со насилнички, вмроовски предзнак.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Tags: НЕНАД ЈОВАНОВИЌНикола Груевски
Next Post
Фото: IsraelToday

Стотиците загинати во експлозијата во болницата во Газа предизвикаа гневни демонстрации низ Блискиот Исток, Хамас и Израел си ја префрлаат вината

НАЈНОВО

„Независни за Карпош“ ќе настапат со самостојна граѓанска листа на локалните избори

August 13, 2025

Уставниот суд оформи предмет за Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

August 13, 2025

Отворено писмо до политичарите од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“

August 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода за да гасне пожари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Табуа и тотеми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мегваер: Реалноста е дека не сме најдобриот тим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk