ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гутереш во извештајот за Косово: Недостигот на напредок во дијалогот носи ризик од дополнителни тензии и можна ескалација

October 20, 2023 20:34
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повика Белград и Приштина да се воздржат од преземање унилатерални дејствија кои би можеле да доведат до зголемени тензии и дополнителна ескалација на ситуацијата, јави дописникот на МИА од Белград.

Во последниот шестмесечен извештај за работата на УНМИК, кој се однесува на периодот од 19 март до 18 септември, тој посочи дека страните не постигнале значителен напредок во спроведувањето на Договорот на патот кон нормализацијата и дека допрва треба да се договорат за редоследот на одредбите на неговиот анекс.

Според Гутереш, претходните шест месеци биле обележани со постојани несогласувања меѓу Белград и Приштина, особено во однос на легитимитетот на новоизбраните градоначалници на косовските Албанци во четири општини со мнозинско српско население на северот на Косово. Безбедносната состојба на теренот продолжи да се влошува поради провокациите и зголемената реторика од двете страни, што доведе до жестоки судири во кои беа повредени припадници на косовските сили, како и цивили и новинари.

Гутереш смета дека протестите на северот на Косово, апсењата на косовски Срби, приведувањето на тројца косовски полицајци од страна на српските власти, новото распоредување на единиците за специјални операции на косовската полиција на северот на Косово, експропријација на земјиштето и неколку безбедносни инциденти придонесоа за тензичното опкружување.

Како што истакна, немањето напредок во дијалогот носи ризик од дополнителни тензии и можна ескалација на теренот.

– Ги повикувам страните да ја потврдат својата вистинска посветеност на дијалогот со посредство на ЕУ и целосно да ги спроведат сите договори, се вели во извештајот.

Според него, неопходно е да се најде решение за брзо одржување на предвремени и инклузивни локални избори на северот на Косово, со учество на косовските Срби, за да се смират тензиите и да се оди напред.

Тој ги осуди нападите врз членовите на меѓународната мисија на теренот и воопшто употребата на насилството, наведувајќи дека ескалацијата на тензиите и безбедносните инциденти во мај и јуни имаа негативно влијание врз процесот на дијалог.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГутерешКосово
Next Post
Фото: Собрание на РСМ

Адеми - Ковач: Многу е важно Западен Балкан што поскоро да стане дел од ЕУ

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk