Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Ќе рече некој „аман немој денеска, празник е”, и со право но да, празник е и тоа голем што воопшто и не е спорно, денов, 23-ти октомври, несомнено е еден од реперните датуми на македонството, на македонизмот, на македонската државност, еден од светлите историски македонски денови, еден генерациски македонски сон кој ‘44, по херојската партизанска епопеја на македонскиот народ и на припадниците на другите слободарски народи на овој простор, а поттикнати и предводени од идејата за сопствена држава, во НОБ и од тогашните комунисти, остварија, еве нека е само дел, ако сакате нека е само една третина од тој историски сон кој, патем, интегралниот кон кој се стремиме е, нели, ЕУ без граници, туку, во оваа една реченица, само мала авторова молба до ДПМНЕ барем денеска, на денов светол, да не мафтосуваат дека токму тие се наследници на она солунско ВМРО од пред 130 години кои, преваранти едни, ни го штитите идентитетот македонски зашто ниту ни го штитите ниту бутур, ниту се оградивте од бугарашите Тодор ниту од Ванчо ниту пак во изминативе три македонски декади од Доста и сличните изнедрени и партиски нафатирани токму од пазувите на ова ваше актуелно ДПМНЕ па, затоа ајде малку покроце, ајде не лажете веќе!