- 4.651 убиени Палестинци во Газа
- 95 убиени Палестинци во Западниот Брег
- 1.873 убиени деца (вклучени во бројот на жртвите меѓу Палестинците)
- 1.023 убиени жени (вклучени во бројот на жртвите меѓу Палестинците)
- 1.405 убиени Израелци
За 16 дена, убиени 4.651 Палестинци во Газа и 95 во Западниот Брег, вклучувајќи 1.873 деца и 1.023 жени. Убиени се и 1.405 Израелци.
Палестинското Министерство за здравство во понеделникот го потврди убиството на уште две лица во бегалскиот камп Џалазона во близина на Рамала, со што бројот на жртвите во судирите со израелските сили во Западниот Брег од 7 октомври се искачи на 95, објави новинската агенција ВАФА.
Двете лица биле застрелани од израелските сили за време на рацијата на 22 октомври, соопшти агенцијата, додавајќи дека уште четворица се здобиле со тешки повреди. Приведени се и 20 Палестинци.
Покрај бомбардирањето и блокадата на Појасот Газа по ненадејниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, израелските сили ги интензивираа рациите на окупираниот Западен Брег.
Преземено: Цивил Медиа