Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека израелските копнени сили се „многу добро подготвени“ за најавената копнена офанзива на северот на Појасот Газа.
-Сакаме да го сведеме Хамас до степен на исчезнување. Нивните водачи, нивното воено крило. Затоа напаѓаме со сета наша сила. Ги убиваме нивните високи команданти, оперативци, ја уништуваме нивната инфраструктура и сето тоа го правиме со голема одлучност, изјави Халеви, пренесе „Тајмс оф Израел“.
Генералот додаде дека маневарот за офанзива на југ е добро подготвен.
Зборувајќи за очигледното одложување на копнената офанзива, Халеви кажа дека постојат „тактички, оперативни и стратешки размислувања“ кои и даваат повеќе време на израелската војска.
-Нашите сили ќе имаат повеќе време за подобро да се подготват и тоа е тоа што сега го правиме, рече Халеви.