Неколку институции во Берлин пријавија закани за бомби, по слични закани во повеќе училишта и медиумски организации во други делови на Германија претходно денеска и вчера.
Полицијата соопшти дека е закана стигнала и до централната железничка станица во Берлин. Железничкиот оператор Дојче Бан добил заканувачки мејл во текот на ноќта, изјави денеска портпаролката на полицијата.
Полицијата потоа ги засили силите на главната станица и ја процени опасноста на ситуација. На крајот се утврди дека патниците не се во животна опасност, јави ДПА.
Полицијата соопшти дека телевизиската станица РТЛ и Вили Брант Хаус, седиштето на Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц, исто така добиле закани за бомби.
Била повикана Државната канцеларија за криминалистичка полиција. Портпаролката на полицијата не даде повеќе детали.
Вчера и денеска имаше закани против голем број училишта низ Германија, како и кон радио станиците и јавниот радиодифузен сервис ZDF. Во некои случаи, полицијата соопшти дека заканите ги упатила палестинската милитантна група Хамас.