ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд ќе одржи седница, на дневен ред четири иницијативи за оценување уставност и законитост

October 25, 2023 09:26
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 38. седница со дневен ред на кој се предвидени четири иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права:

У.бр.15/2023
Оспорен: Член 107 став 2 од Законот за електронски комуникации

Подносителка: Александра Илиева Милчова адвокатка

Од наводите во иницијативата:

Подносителката на иницијативата наведува дека оспорените одредби се во спротивност со владеењето на правото, слободата на пазарот и претприемништвото. Се наведува дека дека корисниците се во нерамноправна положба во однос на операторите бидејќи се овозможува еднострана примена на условите само за операторот, а не и за граѓанинот. Според наводите претплатникот склучува договор и плаќа, а за возврат добива услуги по наведени цени во договорот иако тие услови може да се променат во секое време без знаење на претплатникот и да му  бидат доделени нови услуги по нови цени под временски обврзувачки договор, а неговото непроизнесување по такво известување значи и прифаќање.

У.бр.90/2023
Оспорен: Упатство за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи; уверенија; преписи и копии врз основа на матичните книги: водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги од 29.05.2023 година.

Подносител на иницијативата: Политичка партија “Левица”

Од наводите во иницијативата:

Подносителот на иницијативата смета дека оспореното Упатство е неуставно и спротивно на меѓународните норми и стандарди за заштита на човековите права и дека во ниту една држава во Европа нема таква пракса, да во официјални документи граѓаните се обврзани да ги изразуваат личните чувства на етничка припадност. Се наведува дека националната припадност на граѓаните е емпириски непроверлив податок и нема како да се докаже, па со тоа е и непотребен податок во изводите.

У.бр.158/2023
Оспорен: Член 49-б алинеја 2 од Статутот на Град Скопје

Подносител на иницијативата: Уставен суд на Република Северна Македонија

4.У.бр.62/2023

Оспоренa:  Oдлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-400/1;

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски

Oд наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека одлуката е незаконски донесена бидејќи во Буџетот на општината не се предвидени финансиски средства за конкретната намена, односно за одобрување на донација на книги на клонот „Крсте Петков Мисирков”- Македонска Каменица, како и одлука за одобреување на средства на граѓанин за издавање на песна. Исто така се оспорува и одлуката за одобрување на средства на граѓанка поради смрт на сопругот и тешка финансиска состојба.

II- БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

У.бр.30/2023

Подносителка на барањето: Сандра Рилкова

Од наводите во барањето:

Подносителката на барањето наведува дека и е сторена дискриминација од страна на Комисијата за оцена на докторска дисертација при Филозофскиот факултет по основ на социјална и политичка припадност предвидени во член 110 алинеја 3 од Уставот. Се наведува дека повредата е сторена со известување од ноември 2022 година и со дејствие наведување за самостојно откажување од докторските студии со потенцирање на социјалната положба.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: седнициУставен суд

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk