ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ОН: Ниту едно место во Газа не е безбедно од израелските бомбардирања

October 26, 2023 11:46
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту едно место во Газа не е безбедно поради израелското бомбардирање на територијата, што се спроведува од почетокот на војната со Хамас на 7 октомври, предупреди денеска координаторката на канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања на палестинската територија Лин Хестингс.

Координаторката Хестингс во писмена изјава вели дека „раните предупредувања“, кои израелската армија ги испраќа до населението да се евакуира од зоната што има намера да ја таргетира, „не прават никаква разлика“.

„Ниту едно место не е безбедно во Газа“, рече таа.

Хестингс додаде дека израелската армија продолжува да ги предупредува жителите на градот Газа дека оние што остануваат во своите домови се во опасност.

Во некои случаи, предупредувањето (од израелската армија) ги повикува луѓето да одат во хуманитарната зона во Ал-Маваса, која се наоѓа западно од градот Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

„Кога се бомбардираат патиштата за евакуација, кога луѓето на север и на југ се зафатени со непријателства, кога нема основни елементи за преживување и кога нема гаранција за враќање, луѓето се соочуваат со невозможен избор“, додаде Хестингс.

Таа потсети дека вооружените конфликти каде и да се случуваат треба да се во согласност со меѓународното хуманитарно право, што значи дека цивилите треба да бидат заштитени и да ги имаат потребните елементи за опстанок, каде и да се и без разлика дали ќе изберат да се преселат или останат.

„Тоа исто така значи дека заложниците, сите заложници, треба да бидат ослободени, веднаш и безусловно“, додаде Хестингс.

Повеќе од 200 луѓе беа киднапирани во Израел кога Хамас го започна својот напад на израелска територија на 7 октомври. Во тој напад загинаа повеќе од 1.400 луѓе во Израел, а во Појасот Газа, според палестински извори, повеќе од 6.500 луѓе загинаа во израелските напади.

Tags: бомбардирањаГазаОН
Next Post

Џафери: Партиите навреме да се договорат за терминот за изборите

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk