Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел побара „пауза на непријателствата“ за да се дозволи хуманитарна помош во Појасот Газа по интензивното бомбардирање на крајбрежната територија во текот на ноќта.
– Газа е во целосен мрак и изолација додека продолжува силно гранатирање, напиша Борел на Х.
– Убиени се премногу цивили, вклучително и деца. Ова е против меѓународното хуманитарно право, нагласи тој.
Тој ги осуди сите напади врз цивили, вклучително и континуираните неселективни ракетни напади врз Израел и побара итно и безусловно ослободување на сите заложници.
Gaza is in complete blackout and isolation while heavy shelling continues. @UNRWA warns about the desperate situation of Gaza people without electricity, food, water. Far too many civilians, including children, have been killed. This is against International Humanitarian Law.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) October 28, 2023
We condemn all attacks against civilians, including continuing indiscriminate rocket attacks against Israel, and we ask the immediate and unconditional release of all hostages.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) October 28, 2023
Г. Т.