Израел ги повлече своите дипломати од Турција за да ги „преиспита врските“ меѓу двете земји, по критиките на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за војната во Газа, објави денеска израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, пренесува Тајмс оф Израел.
„Со оглед на острите изјави кои доаѓаат од Турција, наредив отповикување на дипломатските претставници за да ги разгледаме односите меѓу Израел и Турција“, напиша Коен на социјалната мрежа Х.
Given the grave statements coming from Turkey, I have ordered the return of diplomatic representatives there in order to conduct a reevaluation of the relations between Israel and Turkey.
— אלי כהן | Eli Cohen (@elicoh1) October 28, 2023
Турскиот претседател Ердоган денеска го обвини Западот дека е „главниот виновник за масакрот во Газа“, а Израел го обвини за воени злосторства.
„Израеле, пред целиот свет те прогласуваме за воен злосторник. Израеле, вие сте окупатори, освојувачи. Секако дека секоја земја има право на одбара, но каде е правдата? Тоа што се случува во Газа не е самоодбрана, туку масакр“, истакна Ердоган на пропалестинскиот митинг во Анкара.
Со малку посмирувачки тон, тој ги повика Израелците да не го „омаловажуваат чувството на емпатија меѓу Турците“.
„Слушајте ги нашите повици за дијалог, преземете чекор во вистинската насока за доброто на вас и вашите деца. Веруваме дека во праведен мир нема да има губитници“, нагласи турскиот лидер.
Г. Т.