ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Вмро и медиумите ги убиваат нашите деца

October 29, 2023 10:23
in ZOOM IN, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Опсценото насилство е вишок уживање што луѓето го добиваат како награда за нивната потчинетост на идеолошкото здание, за жртвите и откажувањата кое оваа здание ги бара од нив.

Ова се Лакановски термини со кои Жижек се обиде да објасни некои аспекти на војната на Блискиот Исток и да одговори на некои обвинувања во врска со контроверзното излагање на Франкфуртскиот саем на книгата.

Вишок уживање!

Како ви звучи ова.

Мене ми звучи како објаснување на многу работи во Македонија.

Мислам дека Лакан е многу добар и за разбирање на ситуацијата во Македонија. Менталното насилство што секојдневно го вршат партиските луѓе и симпатизери на вмро, заедно со медиумските инсталации кои го исполнуваат и контролираат комплетниот јавен простор и ги насочуваат вредносните ориентации на луѓето, се форма на вишок уживање што го добиваат за службата и за сопствената жртва во служба на злосторничката инсталација каква што е вмро-дпмне.

На тој начин и Милошевиќ ги освојуваше своите следбеници и симпатизери.

И Вучиќ.

И секој ебен апсолутист.

Само со корупцијата не може да се објасни страста со која вмро и медиумите од Македонија направија „Чинечита“ во која снимаат филмови, скечеви, дебатни емисии и серии против власта. Во мерка која преминува во продукција против државата. И против општеството.

Медиумите се проститутки кои уживаат во својот занает затоа што злото им дозволува да им ги сечат јајцата на клиентите.

Тие уживаат во малтретирањето и тероризирањето на Македонија како награда за нивната потчинетост на злото. Односно уживаат во неограничената слобода да јадат говна.

Да прават што сакаат против власта и против сѐ што е успешно или нормално.

Тие се ментални проститутки кои продаваат насилство во името на своето макро и на слободата што им ја осигурува макрото.

Од најниските статуси познати како камењарки по улиците, па до елитните формации на универзитетите и во МАНУ.

Нивната совест, која не е сосема разорена, се ослободува од стресовите со тоа што се упатуваат на благородноста на патриотскиот мотив на борбата против ненародната власт на сдсм и дуи.

Така се убива или замаглува грижата на живата совест за закономерниот пад на државата и нацијата како резултат, меѓу другото, на нивната интелектуална и ментална проституција.

Нив ги ебе злото, а тие ја ебат Македонија.

Ја силуваат.

Всушност, ја масакрираат.

Ја декапитираат.

Никаде во светот и никогаш во политичката историја не постоела ваква медиумска доминација на таканаречената опозиција која битката против власта во еден демократски систем во кој секои две години има некакви избори, ја претворија во битка против Македонија чија пропаст треба да ја докаже неспособноста и предавствата на власта.

Седум години.

Власта, како што гледаме, одолеа на оваа гротескна изложеност, но освен фактот дека Македонија е закочена во својот развој, особено во своите европски аспирации, имаме и други, мислам, уште пострашни последици на амбициите на еден идиот и на неговата злосторничка дружина да дојдат на власт со ментален тероризам.

Внимавајте:

Наодите од меѓународната ХБСЦ Студија 2022, „Однесувања поврзани со здравјето кај децата од училишна возраст“, покажуваат дека задоволството од животот кај децата од Македонија, опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побргу отколку кај момчињата.

  • Алармантен е трендот на опаѓање на менталното здравје кај адолесцентните девојчиња, особено кај 15-годишните;
  • Сиромаштијата и традиционалната култура ги држи децата на најдолното скалило на хиерархијата на моќ и остварување на своите права;
  • Родовата нееднаквост има големо влијание врз општата благосостојба на децата и младите.

Тоа укажува на висока чувствителност на децата на општествените случувања и условите во кои живеат, независно дали се работи за социјална, политичка, или здравствена криза и несигурност на заедницата. При што е нагласен периодот од 2017 до 2022.

Овие наоди покажуваат дека децата се жртва на ширењето на кретенизам и оглупавеност кај населението што се врши или директно во партиско политичките цели во борбата против власта или така што носителите на јавниот дискурс се просто глупави и прости луѓе со најниска вредносна формација.

Не е во прашање само општиот идиотизам со кој се загадува општествениот простор од страна на антикултурата што ја шири вмро, туку и вредносните содржини поместени во нивните амбиции: против родовата еднаквост, потиснување на жената во некаква рамка на традицијата, дезелитизација на културата за сметка на простачките продукции, ликови и форми, уништувањето на јазикот и образованието, упикувањето на црквата и верата меѓу децата, кретенските ставови во врска со сексуалната ориентација итн.

Значи најтрагична последица на културата и праксите што ги донесе вмро се младите генерации кои растат со сериозни ментални нарушувања.

Ќе ја освојат власта, а потоа ќе одат по болници да ги лекуваат своите деца.

Оти, да нема дилеми: родителите ги разболуваат своите деца не само метафорички, туку најдиректно, во најдиректна причинско-последична врска која ќе ја потврди секој психотерапевт.

Здравјето на децата заслужува внимание со најголем приоритет, но моето становиште е дека нивните шанси се мали ако претходно не ги излечиме нивните родители.

Старите кретенчуги.

Вмро-дпмне е најмногу одговорен и е центар на заразата кој мора да се тргне по секоја цена, но ако во тоа трло бараме овци кои имаат бруцелоза на мозокот, тогаш треба да се бараат во медиумите и во медиумските асоцијации.

Во таа смисла тие се мирновременски злосторници.

Тие ги убиваат нашите деца. Дрогата што тие ја продаваат е поопасна од хероинот.

Јас, се разбира, немам намера да ја бранам власта, таа дава основи за милион критики, но сведувањето на целокупниот живот на напади врз власта и на оцрнување на државата, тоа води не кон смена на власта, туку во катастрофа.

Како тоа не може да допре до последните остатоци од мозоците на таканаречените новинари и политички аспиранти – не знам!

Еве, изборите ќе бидат во редовниот термин или блиску до него, но со непрекинатите барања на предвремени избори час поскоро, седум години и во континуираната продукција на предизборна атмосфера, ние добиваме болни деца.

Кој ќе одговара за тоа?

Мицко, имаш ли некоја идеја?

Младенчо?

Катеринки, што вие мислите, кој би можел да биде убиецот на нашите деца.

Или се тоа цели формации идиоти?

Чувствувате ли некаква, макар и најмала, одговорност?


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk