Палестинската Црвена полумесечина објави видео на социјалните мрежи, на кое се чини дека луѓето се собрани пред болницата Ал Кудс во градот Газа, додека во позадина се слушаат силни експлозии.
🛑Now, continues Israeli air strikes in the Tal Al-Hawa area, in #Gaza where Al-Quds Hospital is located.#GazaUnderAttack #Gazabombing #AlQuds_Hospital pic.twitter.com/AdCqRP0oaP
— PRCS (@PalestineRCS) October 30, 2023
„Сега продолжуваат израелските воздушни напади во областа Тал Ал-Хава… каде што се наоѓа болницата Ал-Кудс“, велат од Палестинската Црвена полумесечин, пренесува Би-Би-Си.
Според локалните жители, областа околу болницата беше погодена во неделата од израелски воздушни напади.
Израелската војска издаде наредба за евакуација во неделата, но медицинскиот персонал вели дека преместувањето на стотиците пациенти кои се лекуваат таму е невозможно.
Исто така, постои загриженост за пациентите и персоналот во друга болница во градот Газа – Ал Шифа – каде што ситуацијата е опишана како „катастрофална“ од шефот на хирургијата.
Абусада рече дека болницата е „преоптоварена“ и пациентите „навлегуваат“ во нејзините ходници додека други пристигнувале се повеќе. Околу 100 пациенти беа префрлени во други болници во текот на викендот. Но, сепак добиваме многу, многу, многу случаи. Секој половина час примаме огромен број повредени луѓе“, рече тој.
„Недостигот од сè: од анестетици до лекови против болки и антибиотици ја прави ситуацијата „многу тешка. Не можеме повеќе“, додаде тој.
Израелската војска соопшти дека главната оперативна база на Хамас е под Ал Шифа. Хамас го отфрла тоа тврдење и некои од лекарите кои работат таму повикаа болницата да биде заштитена.
Во неделата Асошиетед прес објави дека израелски воени авиони извршиле напади во текот на ноќта во близина на болницата, повикувајќи се на жители на градот Газа.
Ј. Ѓ.