Високиот комесар за бегалци при ОН, Филипо Гранди во моментов се обраќа пред Советот за безбедност на ОН.
Гранди, во дел од своето обраќање, кое во живо го емитува Ал Џезира и го пренесе ЦИВИЛ МЕДИА, меѓу другото рече дека два милиони Палестинци живеат во пекол на земјата.
„Мора да се надеваме прекинот на огнот да биде првиот чекор“, рече Гранди во своето остро обраќање.
Според него, непочитувањето на меѓународното хуманитарно право веќе не е исклучок, туку е норма.
Гранди го обвини светот за „скандалозен молк“.
Во денешното бомбардирање, израелските воени авиони уништија цел еден блок од бегалскиот камп Џабалија во Газа. Најмалку 100 луѓе, вклучително голем број жени и деца.