ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

РКЕ ќе објави нова цена на парното

October 31, 2023 09:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска треба да објави нова цена на топлинската енергија во Скопје, што ќе се применува од утре.

Новата цена, за која  РКЕ вчера одржа подготвителна седница, ќе ја соопшти на прес-конференција  претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Според најавите од Бислимоски, парното нема да поскапи повеќе од 5 проценти, односно, како што вели, зголемувањето  би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво.

-Кога зборуваме за немање ценовни шокови знаете дека имаме висока инфлација, зголемени се материјалите за работа на сите компании, дополнително има и усогласувања во однос на минималната плата, така што јас не верувам дека ќе имаме зголемување поголемо од 5 отсто коешто нема да претставува проблем за граѓаните во градот Скопје. Сега во овој момент тоа е најевтин начин на греење така што за еден просечен стан ако би имало зголемување тоа би се движело до максимум на месечно ниво за 50-60 денари што сметам дека не претставува проблем, изјави  Бислимовски во телевизиско гостување.

Одлуката за новата цена требаше да биде донесена во август годинава, но беше одложена поради оштетувањето на топловодот на мостот „Беласица“, што беше опожарен и се чекаше старт на работите за санација. Вообичаено РКЕ носи две одлуки за парното годишно, првата на почетокот на август, а втората во декември. Годинава, како што кажа Бислимоски, ќе донесат само една одлука за цената која ќе важи во текот целата година.

Во Скопје има околу 60 000 корисници на топлинска енергија. Во реоните каде што има парно греење трафостаниците не се димензионирани за греење со електрична енергија поради што Бислимоски очекува да продолжи субвенционирањето на цената на греењето од страна на Владата.

Со одлуката за новата цена треба да се вратат и шесте милиони евра што во јануари 2022 година ги даде Владата за набавка на природен гас за потребите на парното греење во Скопје.

Tags: парноцена
Next Post

Мицотакис: Ердоган е на погрешна страна од историјата бидејќи одбива да ја осуди Хамас како терористичка организација

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk