Десетици странци и лица со двојно државјанство денеска го напуштија Појасот Газа преку контролниот пункт Рафа на границата со Египет, кој по првпат ги отвори вратите за луѓето кои сакаат да ја напуштат енклавата, на 26-тиот ден од војната меѓу Израел и Хамас.
На лицата кои си заминуваат од Газа им беше дозволено да влезат на терминалот на преминот во 7:45 часот по Гринич, откако египетските власти соопштија дека ќе дозволат да поминат речиси 90 ранети Палестинци и околу 450 странци и лица со двојно државјанство.